Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 21-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил други полови дејствија кон 19-годишна девојка, односно кривично дело од член 186 став 7 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 26.01.2025 09:04
-
Македонија 26.01.2025 08:25
Променливо облачно, по котлините магла и ниска облачност
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а по котлините со магла и ниска облачност. Претежно долж Повардарието ќе дува слаб ветер од јужен до југоисточен правец.
-
Македонија 25.01.2025 20:05
Маглата ја намали видливоста на само 50 метри во неколку региони
Намалена видливост поради магла од 50 – 100 м. има во Охрид, Д. Капија, Петровец – Велес и Велес – Штип, соопшти АМСМ.
На државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.
-
Македонија 25.01.2025 19:33
Приведен крадец баран по потерница
На 24.01.2025 во 23.10 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода С.И.(28) од Скопје.
Тој бил баран по потерница за издржување казна затвор во траење од две години за сторени кривични дела „кражба“.
-
Македонија 25.01.2025 19:11
Поради магла не слетуваат авиони на скопскиот аеродром
Поради густа магла попладнево нема слетувања на Меѓународниот аеродром Скопје.
Авионите на „Визер“ од Меминген и Баден Баден беа пренасочени и првиот слета во Приштина, а вториот во Софија. Авионот на „Лот“ од Варшава, пак, се врати назад кон Полска.
-
Македонија 25.01.2025 18:34
Скопје и вечерва се гуши во магла и загаден воздух
Вечерва во главниот град има значително големо количество на магла и загаден воздух. Скопје вечерва повторно е меѓу најзагадените градови во свет, а прв во Европа. Ова го покажуваат податоците на платформата за следње на воздухот „IQAir“.
-
Македонија 25.01.2025 18:20
Лишени од слобода двајца полицајци поради оддавање на службена тајна
На 24.01.2025 од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Битола извршен е претрес на дом и помошни простории на полицискиот службеник Б.Б.
-
Македонија 25.01.2025 17:59
Сиљановска-Давкова: Американското катче е еден од симболите на македонско-американското пријателство
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на одбележувањето на 20-годишнината од отворањето на првото Американско катче во Скопје.
-
Македонија 25.01.2025 17:30
44 години од раѓањето на Тоше Проески
44 години од раѓањето на Тоше Проески, ден на спомени и силни емоции за ѕвездата што никогаш нема да згасне. Во Крушево во спомен-куќата во негова чест концерт „Ангел си ти“. Министерството за култура најави ќе се снима филм во кој ќе се овековечи неговиот живот и дело.
-
Македонија 25.01.2025 17:00
Со пиштол на дијаболи повредено девојче во скопско училиште
Со пиштол на дијаболи во текот на вчерашниот ден било повредено девојче во училиште на подрачјето на општина Чаир, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.










