Голема полициска акција на МВР и Обвинителството. Се апсат поранешни високи функционери, за криминални дејствија.
Известува Наташа Гркова-Петрушевска.
Голема полициска акција на МВР и Обвинителството. Се апсат поранешни високи функционери, за криминални дејствија.
Известува Наташа Гркова-Петрушевска.
Лавина реакции во јавноста по објавувањето на новите имиња на Груби и Беџети кои се најдоа на црна листа на САД. Од ДУИ велат дека ќе ја почитуваат одлуката на Стејт департментот. За ВМРО-ДПМНЕ ова е доказ дека претходната власт е до гуша во корупција.
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денес беше дел од годишната конференција за локална самоуправа и децентрализација, на која говореа и Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, министерот за локална самоуправа Златко Перински
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска беше врачена државната награда „Мето Јовановски“ за 2024 година – највисоко признание за долгогодишни остварувања во промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.
СВР Скопје ја информира јавноста дека поради одржување на протест, денеска со почеток од 14.00 часот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот кај крстосницата помеѓу бул. „Никола Карев“ и ул. „Прохор Пчињски“ во Скопје.
Кузмановска се обрати на панел-дискусијата во пресрет на 25-годишнината од усвојувањето на Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН, посветена на жените, мирот и безбедноста.
Во месноста Шилигарника над Банско, Република Бугарија, животот го загуби 51-годишен маж од Македонија. Според првичните информации, најверојатна причина за смртта е срцев удар.
Локалната полиција соопшти дека при прегледот на телото не биле пронајдени видливи траги на насилство.
Водата за пиење во Скопје е безбедна, покажуваат добиените резултати од испитувањата, односно сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр. 183/18).
Во тек е голема полициска акција во координација со Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, потврдија за МТВ од Министерството за внатрешни работи.
На Попова Шапка утрово се измерени – 3 степени Целзиусови и 47 сантиметри снежна покривка, додека 7 степени се измерени со Демир Капија и Струмица.