Стејт департментот додаде 14 нови имиња на американската црна листа, меѓу кои и на поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата во Апелациски суд Енвер Беџети.
-
Македонија 09.12.2024 20:40
-
Македонија 09.12.2024 20:29
ОУ „Лазо Ангеловски“ го прекина бојкотот, учениците утре продолжуваат со настава
Прекинат е бојкотот во ОУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром. Учениците утре се враќаат на настава.
Ваква одлука донесе Советот на родители на училиштето, откако го прифати понуденото решение, проблематичниот третоодделенец, наставата до крајот на првото полугодие да ја продолжи онлајн.
-
Македонија 09.12.2024 20:14
Населбата Крњево утре без вода
Поради изведување на водоводен приклучок ф-150 мм на ул. „164“ бр. 117 утре од 9 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населба Крњево во општина Центар, најави ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
-
Македонија 09.12.2024 19:22
Приведени дрвокрадци во радовишко
Вчера во 12.20 часот во атар на село Бучим, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш ги лишиле од слобода М.О.(69) и Ш.Ј.(45), двајцата од село Бучим. Тие биле затекнати при вршење бесправна сеча на дрва, кои ги товареле во трактор со приколка, информираат од МВР.
-
Македонија 09.12.2024 17:40
Аналитичари: Политички маркетинг и притисок врз судот за подигнување на рејтингот на ДУИ
Какви било протести пред да се знае одлуката на Уставниот суд изгледаат повеќе како политички маркетинг отколку како реална борба за заштита на права, вели политичкиот аналитичар Петар Арсовски.
-
Македонија 09.12.2024 17:08
Централното претседателство на ДУИ и лидерите на Европскиот фронт на координативен состанок во Мала Речица
Централното претседателство на ДУИ и лидерите на Европскиот фронт на координативен состанок во Мала Речица. Откако пред Уставниот суд ја започнаа стражата за јазикот, од ДУИ велат – ова е стража на разумот.
-
Македонија 09.12.2024 16:50
Охрид празнично украсен ги чека туристите
Охрид блесна во новогодишно руво. Илјадници сијалички и светлечки реквизити го красат главниот туристички центар. По теркот на европските метрополи годинава на двата плоштади ќе има новогодишни базари за посетителите.
-
Македонија 09.12.2024 16:12
Приведени дрвокрадци во скопско, следува соодветна пријава
Синоќа во 19.20 часот во атар на с. Трубарево, скопско, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода С.А.(21) и еден малолетник, двајцата од с. Трубарево и Б.Д.(46) од Скопје, информираат од МВР.
-
Македонија 09.12.2024 15:32
Обдукцијата треба да даде одговор за причината на смртта на трите лица во селото Црвени Брегови
Обдукцијата која ја побара јавен обвинител од Кавадарци, треба да даде одговор за причините за смртта на трите лица, кои беа пронајдени починати во неделата попладне во селото Црвени Брегови-неготинско.
-
Македонија 09.12.2024 13:28
Охрид украсен за претстојните празници
Главниот туристички центар, подготвен, во новогодишно руво да ги дочека домашните и странските гости за празниците. На охридските плоштади ќе има и новогодишни базари.Соња Рилковска известува од Охрид.










