Заврши истрагата за првоосомничениот Љупчо Палевски-Палчо за грабнувањето и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски. Од Обвинителството информираат дека тече законскиот рок во кој одбраната може да изврши увид во доказите.
-
Македонија 25.07.2024 11:45
-
Македонија 25.07.2024 11:32
Кривична пријава против три лица за „предизвикување на општа опасност“
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворск
-
Македонија 25.07.2024 11:29
Средба Муртезани – Телатин
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска оствари средба со Микела Телатин, директорка на Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги – УНОПС.
-
Македонија 25.07.2024 11:10
Муцунски на средба со претставници од македонската црковна заедница во Виена
Во рамките на работната посета на Австрија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со претставници од македонската црковна заедница во Виена.
-
Македонија 25.07.2024 11:03
ЦУК: 18 пожари на отворено, еден активен
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 245 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие. Од нив „реални“ повици биле 58,66%, а 41,34% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
-
Македонија 25.07.2024 10:52
Претрес во Гевгелија, пронајдена дрога
На 24.07.2024 во 15.30 часот, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Ј.Н.(48) од Гевгелија.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени стебла канабис и предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
-
Македонија 25.07.2024 10:50
Приватните специјализанти на средба со Таравари
Приватните специјализанти се очекува денеска да се сретнат со министерот за здравство Арбен Таравари.
Министерот за здравство, Арбен Таравари вчера соопшти дека на владина седница е донесена одлука за вработување на 600 приватни специјализанти од кои 300 до крајот на годинава.
-
Македонија 25.07.2024 10:44
Гром предизвика пожар во Бајловце, општина Старо Нагоричане
Гром предизвикал пожар на сува трева и шума во село Бајловце, општина Старо Нагоричане, информираа денеска од регионалниот центар за управување со кризи Куманово и од Територијалната противпожарна единица на Старо Нагоричане.
-
Македонија 25.07.2024 10:26
Приведен разбојник во Битола, одземеното вратено на сопственичката
На 24.07.2024 во 16.15 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.Р.(23) од Битола. Тој се сомничи дека околу 15.30 часот влегол во дворот на С.Б.(74) од Битола и со употреба на сила ѝ одзел личен накит.
-
Македонија 25.07.2024 09:45
Обвинителството ја заврши истрагата против Палевски, ќе бара да му се суди заедно со четворицата веќе обвинети
Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје достави известување за завршена истрага до првоосомничениот за двојното грабнување и свирепо убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски.










