Вчера во 19.40 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.П.(20), Д.М.(19) и двајца малолетници, сите од Скопје.
-
Македонија 04.10.2023 11:50
-
Македонија 04.10.2023 11:32
Герасимовски: Наставниците и стручните служби ги завршија обуките против меѓуврсничкото насилство
Општина Центар им додели сертификати на наставниците и на стручните соработници од сите училишта во општината, кои ги посетија обуките за рано препознавање, решавање и превенција на врсничко насилство – булинг.
-
Македонија 04.10.2023 11:03
Приведено и второто осомничено лице за предизвикување пожар во Старата скопска чаршија
По преземени мерки и активности, на 03.10.2023 во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(18) од с. Студеничани, скопско, кој беше баран по централен распис.
-
Македонија 04.10.2023 10:59
МВР: 196 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 196 возачи.
-
Македонија 04.10.2023 09:59
Приведен крадец за издржување затворска казна
Вчера во 14.15 часот на бул. „Крсте Мисирков“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода К.М.(21) од Скопје.
-
Македонија 04.10.2023 09:28
Форум за праведна транзиција на Енергетската заедница
Форум за праведна транзиција на Енергетската заедница ќе се одржи денеска во Скопје.
-
Македонија 04.10.2023 09:25
Седница на собраниската Комисија за европски прашања
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска Комисијата за европски прашања ќе ја одржи 64-та седница.
-
Македонија 04.10.2023 08:35
Превентивни активности на МВР за заштита од пожари, побезбеден сообраќај
Вчера на подрачјето на Секторите за внатрешни работи Битола и Штип продолжија превентивните активности на полициските службеници – насочени кон темите од областа на безбедноста во сообраќајот, заштитата од пожари на отворено, како и во рамки на кампањата „Слави со срце, не со оружје“.
-
Македонија 04.10.2023 08:27
Студено утро, преку денот сончево со мала локална облачност
Наутро свежо, преку денот сончево со мала локална облачност претежно во северните региони. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 14, а максималната ќе достигне до 30 степени.
-
Македонија 04.10.2023 08:19
Зголемена опасност од птичји грип
Болеста е појавена во 37 земји од европскиот континент. Во претходните години вирусот на птичјиот грип претежно изумирал во текот на летните месеци, но оваа епидемија трае во текот на целата година и полесно се шири меѓу јатата и птичјите популации, велат ветеринарите.










