Скопје

Форум за праведна транзиција на Енергетската заедница

04.10.2023 09:28

Борбата против климатските промени е високо на политичката агенда на Енергетската заедница, а посветеноста кон декарбонизација се материјализираше преку поставување на амбициозни цели за клима и енергија за 2030 година...

Форум за праведна транзиција на Енергетската заедница ќе се одржи денеска во Скопје.

Воведни обраќања на форумот, како што е најавено, ќе имаат заменик директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Дирк Бушле, државниот секретар при Министерство за економија Размена Цекиќ-Дуровиќ, в.д. директорката на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување, Западен Балкан (DG NEAR. D) Микела Матуела, и градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски. Форумот, како што е најавено, ќе се концентрира на напорите за адресирање на клучни аспекти на праведниот преод и тоа Планирање и имплементација; Политики, луѓе и околина и Финансирање.

Борбата против климатските промени е високо на политичката агенда на Енергетската заедница, а посветеноста кон декарбонизација се материјализираше преку поставување на амбициозни цели за клима и енергија за 2030 година како за Енергетската заедница, така и за нејзините договорни страни, меѓу кои е и нашата земја. Тековниот фокус е на ефикасна имплементација на Енергетскиот пакет за чиста енергија, заедно со интеграција на Националните енергетски и климатски планови.