На 19/20.07.2023 во периодот од 23.00 до 04.00 часот, по преземени мерки и активности на патот од с. Бигор Доленци кон населба Бичинци во Кичево, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции го лишиле од слобода М.М.(24) од Кичево.
-
Македонија 20.07.2023 10:15
-
Македонија 20.07.2023 09:24
Седници на две собраниски комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања и за здравство.
Членовите на Комисијата за европски прашања ќе дискутираат по Предлог-законот за советодавен систем за земјоделство и рурален развој, во прво читање.
-
Македонија 20.07.2023 09:17
Вицепремиерот Битиќи ќе ја посети компанијата „Макпрогрес“ во Виница
Заменик претседателот на Владата, задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи денеска ќе ја посети компанијата „Макпрогрес“ во Виница.
Примарна дејност на „Макпрогрес“ е производство на кондиторски производи. Компанијата е поддржана преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции.
-
Македонија 20.07.2023 09:04
Законот за матична евиденција пред Уставен суд
Уставниот суд на денешната седница ќе ја разгледа иницијативата на политичката партија „Левица“ за оценување на уставноста на Законот за матична евиденција.
-
Македонија 20.07.2023 08:55
Продолжение на 120. седница на Собранието
Во Собранието денеска треба да се одржи продолжението на 120-та седница.
-
Македонија 20.07.2023 08:35
МВР: 200 санкционирани возачи во Скопје, 50 за брзо возење
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 20.07.2023 08:32
Од климатските промени најмногу страда житото
Прво промена на сортите, а потоа и одгледување на целосно нови култури на нивите, е советот на експертите за справување со последиците од климатските промени кај нас.
-
Македонија 20.07.2023 08:27
Тренчевска на средба со српскиот министер Селаковиќ
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на покана на српскиот министер за труд, вработување, боречки и социјални прашања Никола Селаковиќ престојува во посета на Србија.
-
Македонија 20.07.2023 08:23
„Отворен кабинет“ на МВР во Битола
Проектот „Отворен кабинет“ на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска продолжува во СВР Битола.
Пред средбата со граѓани, министерот Спасовски ќе има работен состанок и брифинг со раководството на СВР Битола.
-
Македонија 20.07.2023 08:20
Промотивна кампања за бесплатна правна помош во Боговиње
Во општина Боговиње денеска ќе биде отворена канцеларија за бесплатна правна помош. На отворањето ќе присуствува министерот за правда Кренар Лога.
Како што е најавено, министерот Лога и градоначалникот на Општина Боговиње, Бесник Емшиу ќе потпишат меморандум за соработка.










