Македонија

Седници на две собраниски комисии

20.07.2023 09:24

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања и за здравство...

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања и за здравство.

Членовите на Комисијата за европски прашања ќе дискутираат по Предлог-законот за советодавен систем за земјоделство и рурален развој, во прво читање.

Предлог-законот за изменување на Законот за здравствената заштита, по скратена постапка е единствена точка на дневниот ред на собраниската Комисија за здравство.