Борба против сексуалното и родово – базирано насилство на интернет преку зајакнување на капацитетите на Министерството за внатрешни работи е главна цел на проектот кој во наредните 18 месеци ќе го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со МВР.
-
Македонија 26.06.2023 13:57
-
Македонија 26.06.2023 13:44
Во Брисел започна билатералниот скрининг состанок за Поглавјата 14 И 21
Денеска во Брисел на билатералната скрининг агенда започнаа состаноците за Поглавјата 14 и 21 односно „Транспортната политика“ и „Транс-европски мрежи“, кои се дел од Кластер 4 „Зелена Агенда и одржлива поврзаност“.
-
Македонија 26.06.2023 13:30
70 години Институт за македонски јазик
Седум децении Институт за македонски јазик. Подмладување и повеќе средства за истражување и понатаму остануваат главна мака на оваа институција.
-
Македонија 26.06.2023 13:09
Ковачевски во Свети Николе: Инвестираме во развој и модернизирање на земјоделството
Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, како и со директорот на Платежната агенција, Никица Бачовски во Свети Николе ги доделија решенијата за набавка на трактори на 60 земјоделци од овој крај.
-
Македонија 26.06.2023 12:36
Поглаварот г.г. Стефан повикува на сенароден собир
Поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија г.г. Стефан денеска во видео-обраќање побара поддршка околу протестот пред Соборниот храм во четврток на 29-ти јуни, против носењето на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција.
-
Македонија 26.06.2023 12:05
МВР: 445 санкции за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 445 возачи.
-
Македонија 26.06.2023 11:42
Јавното обвинителство ги проверува случаите со Мерко во Струга и Битола
Четиричлена комисија од јавни обвинители од Јавното обвинителство на РСМ (ЈОРСМ) денеска врши надзор на постапувањето во предметите поврзани со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко во Основното јавно обвинителство Струга и Вишо јавно обвинителство ЈО Битола, информираат од ЈОРСМ.
-
Македонија 26.06.2023 11:27
Курбан Бајрам – 28 јуни, неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр. 21/98 и 18/07) 28 Јуни, среда, Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам, е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед во Република Северна Македонија.
-
Македонија 26.06.2023 11:08
Мерко: Ќе бидам отворен за правосудните органи, ќе ги дадам сите документи
Една недела откако Рамиз Мерко беше ставен на „црната листа“ на САД, денеска на својот профил струшкиот градоначалник реши да се огласи и порача дека ќе ја предаде секоја документација што истражните органи ќе ја побараат од него и од Општина Струга.
-
Македонија 26.06.2023 11:04
Зголемени водостоите на Дојранското и на Охридското Езеро
За по еден сантиметар се зголемени водостоите на Дојранското и на Охридското Езеро во споредба со вчера, додека нивото на Преспанското Езеро е исто со вчерашното, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).










