Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, на места со провејување на слаб снег, прогнозира УХМР. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
-
Македонија 28.01.2023 09:13
-
Македонија 28.01.2023 09:01
Се зголемува бројот на интервенции на лекарите од службата за итна помош од Велес
Осетно е зголемен бројот на интервенции на екипите на Итната помош од Здравствен дом Велес, изминатите 12 месеци. Ако во 2021 година имале 26.029, лани имале рекордни 28.865 прегледи. Тоа е по 79 на ден или по 3,3 интервенции на час.
-
Македонија 28.01.2023 08:49
Реката Пена затрупана со смет
Коритото на реката Пена особено во долниот дел на градот, подолго време служи како место во кое граѓаните се ослободуваат од стариот мебел, техника, а долж реката има натрупано илјадници тони отпад.
-
Македонија 27.01.2023 21:29
Ковачевски – Вучевиќ: Ќе продолжи продлабочувањето на односите меѓу Северна Македонија и Србија
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, придружуван од министерката за одбрана, Славјанка Петровска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се сретна со потпретседателот на Владата на Република Србија, Милош Вучевиќ.
-
Македонија 27.01.2023 20:01
Алијанса го формира тимот за преговори
Тесното партиско раководство на Алијанса за Албанците, ќе биде тимот кој ќе преговара за евентуален влез на партијата во Владата, соопшти вечерва Арбен Таравари по одржувањето на состанокот на централното претседателство.
-
Македонија 27.01.2023 19:19
Премиерите Ковачевски и Донев остварија телефонски разговор
Како што соопштуваат од владината прес-служба, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска оствари телефонски разговор со техничкиот премиер на Република Бугарија, Галаб Донев.
-
Македонија 27.01.2023 18:17
Расчистени пет тешки кражби во Битола
Денеска, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола извршиле службен разговор со Б.В.(23) од Битола. Тој се сомничи дека извршил пет тешки кражби, при што од куќи, објект и возило, на подрачјето на Битола, одзел повеќе предмети.
-
Македонија 27.01.2023 17:28
Директорот на БЈБ Тасевски на презентација на целите на работната група „Анализа на работни задачи“
Денеска во Центарот за обука на МВР во Идризово, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски присуствуваше на презентација на која беа презентирани целите за кои е формирана работната група „Анализа на работни задачи“ во која партиципираат членови од Министерството за внатрешни работи,
-
Македонија 27.01.2023 16:14
Утре ќе заврши Третата зимска школа на МСМЈЛК при УКИМ со учесници од четири континенти
Утре ќе заврши Третата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ), која е во чест на великанот на современата македонска литература и култура, Ацо Шопов.
-
Македонија 27.01.2023 14:54
Не стивнуваат реакциите по заострување на односите Скопје-Софија
Бугарија ќе бара со нота да им се овозможи пристап на луѓето до споменикот на великанот Гоце Делчев, кои ќе дојдат во земјава на чествувањето на неговиот роденден, на 4-ти февруари, соопшти министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков.










