Утре во Македонија се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југозападен правец.
Кон крајот на денот можни се врнежи од дожд во западните планински подрачја, а на највисоките планини и од снег.
Утре во Македонија се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од југозападен правец.
Кон крајот на денот можни се врнежи од дожд во западните планински подрачја, а на највисоките планини и од снег.
До крајот на неделава вработените во прилепски „Еурокомпозит“ ќе добијат по една просечна плата- им ветиле на средбата во Владата. По разговорите работниците што протестираа најавија дека од понеделник ќе се вратат на работните места.
2.580 барања за амнестија стасале до скопскиот Кривичен суд. 1.951 во Одделот за кривично полнолетство. Од нив уважени се 924, а отфрлени 689. Во Организиран криминал стасале 629 барања, уважени 501, а 121 одбиени.
Првиот антикорупционер поднесе оставка од фукцијата. Игор Тантуровски ја доставил до Собранието. Претходно, членот на комисијата и поранешен претседател на ДКСК, Горан Миленков се повлече од функцијата.
Промената на Уставот не значи трајна гаранција за Грција, бидејќи сѐ што се менува може да се врати, рече премиерот Заев одговарајќи на новинарското прашање за разговорите за разликата за името. Според него, треба да се почитува меѓународната практика за решавање на слични спорови.
Вработените во јавната администрација наскоро ќе добијат колективен договор со кој ќе бидат регулирани нивните права и обврски.
Доцни почетокот на собраниската седница на која на дневен ред се над 35.000 амандмани за Законот за употреба на јазиците.
Во Собранието се народните избраници од сите пратенички групи кои одржуваа координации, вклучувајќи ги и оние од опозициската ВМРО ДПМНЕ.
Водостоите на речиси сите реки во Македонија се повисоки од просекот за март, но имаат благо намалување, покажуваат најновите податоци од мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.
Секцијата на жени при Сојузот на синдикати на Македонија поддржува да се расчисти случајот со полицајката која беше нападната од висок функционер на ДУИ.
Во Македонија се зголемува бројот на заболени од тумор на белите дробови, соопшти директорот на Универзитетската Клиника за пулмологија и алергологија, Дејан Докиќ. На работилницата на оваа клиника беше претставена примената на интервентната бронхоскопија во Македонија.