СДСМ ја укина правната држава, а наместо правда граѓаните добија партиски суд кој работи под диктат на Зоран Заев и СДСМ. Еклатантен пример за партизацијата на правосудството е изборот на новите членови во Советот на обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 07.03.2018 10:55
-
Македонија 07.03.2018 10:38
Гутереш ги поздрави реформите на Владата
Телефонски разговор меѓу премиерот Заев и генералниот секретар на Обединетите нации Гутереш. Првиот човек на светската организација ги поздравил реформите што ги прави Владата, а позитивно бил оценет и Договорот со бугарија, информираа од владината прес- служба.
-
Македонија 07.03.2018 10:35
Рочиште за случајот „Транспортер“ во Кривичен суд
Во Кривичниот суд рочиште за случајот „Транспортер“. Минатото беше одложено поради тоа што немаше одговор за поднесената жалба од Апелацискиот суд.
-
Македонија 07.03.2018 10:33
Блиндираниот „Мерцедес“ не се продава сѐ до завршувањето на судскиот процес „Тенк“
Популарниот „Мерцедес“ што го купи поранешната власт, засега останува сопственост на владата. Блиндираниот „Мерцедес“ не се продава сѐ до завршувањето на судскиот процес „Тенк“, бидејќи како што информираат од Владата, може да се појави потреба тој да биде доказен материјал.
-
Македонија 07.03.2018 10:29
Димитров на инаугурација на групата „Пријатели на Македонија“ во ЕП
Министерот за надворешни работи Никола Димитров во Европскиот парламент во Брисел ќе учествува на инаугурацијата на групата „Пријатели на Република Македонија“.
-
Македонија 06.03.2018 16:23
Без епилог собраниската седница за Законот за јазици
Сѐ уште без епилог собраниската седница на чиј дневен ред е третото читање на Законот за употреба на јазиците. Продолжението на пленарката двапати одложувана.
-
Македонија 06.03.2018 16:01
Дел од реките се излеаја од коритата, загрозени куќи и посеви
Одрони, свлечишта, непроодни патишта, поплавени земјоделски површини и дворови. Ваква е сликата во некои општини низ земјава, откако Вардар, Треска, Црна и Бабуна се излеаа од коритата.
-
Македонија 06.03.2018 15:39
Вработените во јавната администрација ќе добијат нов колективен договор
Ќе се формираат работни групи кои ќе почнат преговори за колективен договор во јавната администрација. Со него ќе се регулираат правата и обврските на вработените.
-
Македонија 06.03.2018 15:32
Случај „Поткуп“: Посебните мерки прифатени за доказен материјал
Обвинението е бесмислено, полно e со грешки и со злобни намери. Го креираше претходната власт во спрега со Обвинителството за да ме спречи да ја објавам „Вистината за Македонија“, изјави Зоран Заев. Не чувствува вина.
-
Македонија 06.03.2018 15:27
Имплeментирана нова метода за третман на мозочен удар
Македонија имплементираше нова метода за третман на мозочен удар, за прв пат во светот. Доктор Сашко Кедев на Државната клиника во Скопје ја спроведе врз пациент. Оваа минимално инвазивна метода во комерцијална употреба ќе стартува после две до три години.










