Високата мотивираност, посветеност, ентузијазам и силна желба да се достигне совршенството во професијата. Армиските специјалци за кратко време се вивнаа на највисокото место меѓу најдобрите. Препознатливи под името Волци, во целост го оправдаа нивното мото „Секогаш и секаде први“.
-
Македонија 01.03.2018 15:13
-
Македонија 01.03.2018 15:03
Јункер: Местото на Западен Балкан е во ЕУ, потребно е исполнување на критериумите
Местото на Западниот Балкан е во ЕУ, но сега ниту една од државите не ги исполнува сите критериуми за прием, изјави претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер по завршувањето на неговата балканска турнеја и средбата со лидерите на 6-те земји од регионот во Софија, на кој присуствуваа и
-
Македонија 01.03.2018 14:48
Метео: Врнежи од дожд, температурите во пораст
Утре во Македонија ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд и снег на повисоките планини. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови (локално над 40 литри на метар квадратен).
-
Македонија 01.03.2018 14:17
Парламентарното мнозинство бара оставки од членовите на ДКСК
По објавувањето на деталите од ревизорскиот извештај за Антикорупциска, според којшто, се наплатувале патни трошоци врз основа на фиктивни налози, владејачкото мнозинство бара членовите на Комисијата да си поднесат оставка. Во спротивно, велат од СДСМ, антикорупционерите ќе бидат разрешени.
-
Македонија 01.03.2018 14:13
Мицкоски: Шпекулација е дека ВМРО- ДПМНЕ има договор со власта за враќање во Собранието
Шпекулација е дека сме се договориле со владејачките партии ВМРО-ДПМНЕ да се врати во Собранието и да се изгласа Законот за јазиците, а за возврат на тоа да бидат ослободени притворените за собраниските настани од 27-ми април, вели лидерот на партијата Христијан Мицкоски.
-
Македонија 01.03.2018 13:50
Обвинителството отвори истрага за трошењето буџетски средства во Антикорупциска
Скопското Јавно обвинителство оформи предмет по допрен глас за трошењето на буџетски средства од членовите на Антикорупциската комисија.
Обвинителството презема дејствија за утврдување на фактите во предметот, за прибирање на податоци и на потребната документација, стои во дописот.
-
Македонија 01.03.2018 13:12
Случај „Траекторија“: Груевски, Пешевски, Јанакиески и Георгиевски се изјаснија за невини
Во Кривичниот суд рочиште за случајот „Траекторија“, во кој се обвинети поранешниот премиер Груевски, поранешниот вицепремиер Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Георгиевски. Беше прочитано обвинението.
-
Македонија 01.03.2018 12:47
Работен состанок ЕУ- Западен Балкан
Премиерот Зоран Заев во Софија учествува на работниот состанок што го организираат претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер и бугарскиот премиер Бојко Борисов со шефовите на држави и влади од Западен Балкан.
-
Македонија 01.03.2018 12:41
Заев- Марковиќ: Се засилува соработката на регионот
Регионалната соработка се одвива ефективно, во интерес на потребите на граѓаните и на евро-атлантските интереси- оцениле на денешната средба во Софија, македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот црногорски колега Душко Марковиќ.
-
Македонија 01.03.2018 12:22
СДСМ: Ја стабилизираме економијата преку одговорно управување со јавните финансии
За разлика од времето кога ВМРО-ДПМНЕ парите од скапите и задолжувања расипнички и криминално ги трошеше на барок, споменици и луксуз, Владата предводена од СДСМ преку одговорно управување со јавните финансии ја стабилизира економијата и обезбедува повеќе пари за граѓаните, реагираат од СДСМ.








