Регионалната соработка се одвива ефективно, во интерес на потребите на граѓаните и на евро-атлантските интереси- оцениле на денешната средба во Софија, македонскиот премиер Зоран Заев и неговиот црногорски колега Душко Марковиќ.
-
Македонија 01.03.2018 12:41
-
Македонија 01.03.2018 12:22
СДСМ: Ја стабилизираме економијата преку одговорно управување со јавните финансии
За разлика од времето кога ВМРО-ДПМНЕ парите од скапите и задолжувања расипнички и криминално ги трошеше на барок, споменици и луксуз, Владата предводена од СДСМ преку одговорно управување со јавните финансии ја стабилизира економијата и обезбедува повеќе пари за граѓаните, реагираат од СДСМ.
-
Македонија 01.03.2018 10:48
ВМРО- ДПМНЕ: Притворените за собраниските настани не се терористи
Власта предводена од Зоран Заев за да го оттргне вниманието од катастрофалните економски и антидржавни политики, прстот го вперува кон политичките неистомисленици, прогласувајќи ги за терористи, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 01.03.2018 10:38
Од скопскиот аеродром отстранет и споменикот на Александар Македонски
Откако беше преименуван скопскиот аеродром и беа сменети буквите, синоќа отстранет и споменикот на Александар Велики од внатрешниот дел на аеродромот. Беше поставен во 2011-та, откако турската компанија ТАВ почна да стопанисува со него.
-
Македонија 01.03.2018 10:35
Студен бран: Македонија во портокалова фаза
Поради студениот бран, Македонија е во портокалова фаза.
-
Македонија 01.03.2018 10:32
Високи функционери на НАТО и ЕУ во посета на Македонија
Премиерот Зоран Заев денеска ќе се сретне со помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, амбасадорот Алехандро Алваргонзалес и со Мачеј Поповски, заменик генерален директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија.
-
Македонија 01.03.2018 10:29
Продолжува судењето за „Траекторија“
Во Кривичниот суд е закажано рочиште за случајот на СЈО „Траекторија“, во кој се обвинети поранешниот премиер Груевски, поранешниот вицепремиер Пешевски, екс министерот за транспорт и врски Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Георгиевски.
-
Македонија 01.03.2018 10:14
Заев во Софија на средба со Јункер и лидерите од Западен Балкан
Премиерот Зоран Заев во Софија ќе учествува на работниот состанок што го организираат претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер и бугарскиот премиер Бојко Борисов со шефовите на држави и влади од Западен Балкан.
-
Македонија 28.02.2018 16:24
Објавен огласот за продажба на блиндираниот „Мерцедес“
Објавен е огласот за продажба на блиндираниот „Мерцедес“, набавен од претходната Влада. За возилото ќе се лицитира на 16-ти март. Заинтересираните на 7-ми ќе можат да го разгледаат автомобилот.
-
Македонија 28.02.2018 16:07
Откриени 143 килограми марихуана во две акции
Полицајците запленија 143 килограми марихуана во два одвоени случаи. Приведени осуммина, шест македонски и двајца албански државјани. Пресечен меѓународен канал за шверц.










