Изградба на пречистителни станици, мерки за заштита на животната средина, измени во урбанистичките планови, функционален едношалтерски систем, решавање на инфраструктурните проблеми во општините и на недостигот од паркинг кај Зоолошката во Скопје и во Дебар маало – дел од понудата на кандидатите
-
Македонија 10.10.2025 17:20
-
Македонија 10.10.2025 17:13
ЗНАМ со ветувања-уредени и транспарентни општини
Чист и функционален Центар, со уредена инфраструктура, катчиња за младите, но и места за одмор за повозрасните, ветува кандидатот за градоначалник на Општина Центар, од движењето „За наша Македонија“.
-
Македонија 10.10.2025 17:00
Кандидатите на „Левица“ ја претставија програмата пред кавадарчани и скопјани
Еколошки мерки, заштита на работниците и ревизија на урбанистичките планови во Кавадарци, кандидатите за советници од „Левица“ во оваа општина ги најавија приоритетите проекти со кои ја бараат довербата од граѓаните.
-
Македонија 10.10.2025 16:50
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ денеска во Дојран, Валандово, Богданци и Гевгелија
„Време е да се изгради држава на правда, слобода и грижа за секого, затоа што слободата не е само дел од Уставот, туку начин на живот“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и предводник на коалицијата „Твоја Македонија“, Христијан Мицкоски на митингот во скопска Кисела Вода.
-
Македонија 10.10.2025 16:37
Филипче од Кавадарци, владата го сруши достоинството на лозарите годинава
Народот не го бараме само за избори, ние посветено работиме за него секој ден. Вистински патриотизам е да не ја крадеш државата, за која велиш дека ја сакаш. Да не ги делиш граѓаните на свои и туѓи, да зборуваш за гордост а ги понижуваш со лаги. Патриотизмот не е во зборовите туку во делата.
-
Македонија 10.10.2025 16:17
Фатон Љури седна на обвинителна клупа, призна дека го прегазил Југослав
„Се чувствувам виновен за сообраќајната несреќа, изразувам сочувство до фамилијата. Јас му давав помош, двајца полицајци беа таму“ – рече обвинетиот Фатон Љури, кој призна дека со мотоцикл го прегазил скопјанецот Југослав Николовски во пешачка зона, но негираше дека не му дал прв помош.
-
Македонија 10.10.2025 16:04
МАНУ го одбележа Денот на академијата
МАНУ како највисока научна и уметничка институција во државата има долг и обврска да обезбеди иднина во која македонскиот јазик, култура и идентитет ќе бидат безбедни и неоспорувани, истакна претседателот Живко Попов во обраќањето на Денот на академијата.
-
Македонија 10.10.2025 15:48
Повторно дежурства на детското одделение во охридската болница
Повторно започна со работа детското одделение во охридската болница. По четири години, откако беше затворено поради недостиг на педијатри, конечно се обезбедени шест специјалисти за исполнување на трисменски дежурства.
-
Македонија 10.10.2025 15:37
И по шест месеци од Кочани се бара психолошка поддршка
На повредените или индиректно засегнати од пожарот во Кочани, сè уште им се пружа психијатриско-психолошка помош. Лузните заздравуваат, но борбата со менталните нарушувања ќе трае, вели директорката на Клиниката за психијатрија, Славица Арсова.
-
Македонија 10.10.2025 15:14
Спречено криумчарење на 11 златни монети вредни девет илјади евра – поднесена кривична пријава до едно лице
На граничен премин Богородица спречено е криумчарење на 11 златни монети со вкупна тежина од 71 грам и со вкупна вредност од 567 илјади денари.










