Македонија
Маја Коневска едногласно избрана за генерален секретар на ДКСК
23.01.2026 12:47
Претседателот Адем Чучуљ образложи дека изборот на Коневска на оваа позиција се должи на 20-годишното искуство во оваа институција и позициите кои таа ги имала како резултат на нејзиното напредување и стручност.

Антикорупционерите едногласно ја избраа досегашната раководителка за стратешко планирање Маја Коневска за генерален секретар на комисијата.
Претседателот Адем Чучуљ образложи дека изборот на Коневска на оваа позиција се должи на 20-годишното искуство во оваа институција и позициите кои таа ги имала како резултат на нејзиното напредување и стручност.
Првиот антикорупционер изрази уверување дека Коневска успешно ќе се справи со предизвиците на функцијата Генерален секретар.
