Вчеравечер во 22:00 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода И.Г.(34) од с.Просениково, струмичко, поради сомнение дека извршил кражба на мопед. Тој бил задржан во полициска станица, а мопедот бил пронајден и вратен на сопственикот.
-
Македонија 22.08.2025 12:27
-
Македонија 22.08.2025 12:04
Обвинителство: Истрага за поседување детска порнографија
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија согласно член 193-а став 3 во врска со став 2 од Кривичниот законик.
-
Македонија 22.08.2025 11:48
Поместени граници во ортопедска трансплантација – извршена најсложена трансплантација на коска на Клиника за ортопедија
На Универзитетската клиника за ортопедија успешно е изведена најсложената трансплантација досега, со што се поместени границите на современата ортопедска хирургија кај нас.
-
Македонија 22.08.2025 11:17
Детските градинки во Аеродром добија современи прочистувачи за воздух
Општина Аеродром направи значаен чекор кон побезбедна и поздрава средина за децата во детските градинки на нејзината територија, поставувајќи прочистувачи на воздух со највисоки стандарди.
-
Македонија 22.08.2025 10:33
Ангелов: Дождот го изгасна пожарот во „Јасен“
Утрово врнежите кои траеја повеќе од два часа на подрачјето на ловиштето „Јасен“ конечно помогнаа да се изгасне пожарот што беснееше повеќе од десетина дена, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
-
Македонија 22.08.2025 09:31
Лишен од слобода скопјанец за сторено кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“
Секторот за компјутерски криминал при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Ф.М.(27) од Скопје, за сторено кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“ предвидено и казниво по член 193-а став 3 од Кривичниот законик.
-
Македонија 22.08.2025 09:12
ЦУК: Осум активни пожари низ државата
Изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територија на државава има регистрирано вкупно 27 пожари на отворен простор. Од нив, осум се активни, информираат од Центарот за управување со кризи.
-
Македонија 22.08.2025 08:25
Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози
Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
-
Македонија 22.08.2025 08:22
Премиерот Мицкоски на увид во градежните активности за санација на хидросистемот Ѓавато
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во градежните активности на санација на хидросистемот Ѓавато во Општина Дојран.Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите, најавија од владината прес-служба.
-
Македонија 22.08.2025 08:02
Променливо облачно и нестабилно со локален дожд
Променливо облачно, ветровито и нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува засилен, наместа силен западен ветер (над 70км/ч.) во форма на невреме.
Температурата наутро ќе биде од 12 до 20 целзиусови степени, а во текот на денот од 29 до 37 степени.









