На седница на собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија денеска своите платформи за дипломатските активности ќе ги претстават вонредните и ополномоштени амбасадори на државава во Француската Република, Игор Николов и во Република Хрватска, Драган Ѓурчевски.
-
Македонија 15.07.2025 08:50
-
Македонија 15.07.2025 08:34
На ГП „Богородица“ времето на чекање за излез од државата изнесува 20 минути
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
-
Македонија 15.07.2025 08:20
Сончево и топло со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
-
Македонија 14.07.2025 20:57
Претрес во Тетово, пронајдени пиштол и куршуми
На 13.07.2025 во 11.45 часот во Тетово, полициски службеници СВР Тетово го лишиле од слобода Е.К.(32) од Република Албанија, со престој во Тетово.
-
Македонија 14.07.2025 20:03
Енормно зголемена потрошувачката на вода во Скопје, можни рестрикции и намален притисок
Повторно има енормно зголемена и неконтролирана потрошувачка на водата за пиење, што предизвикува нарушување на стабилноста на водоснабдувачкиот систем, поради што можни се појави на намален притисок и прекини на водоснабдувањето во одредени делови на Скопје, соопшти ЈП Водовод и канализација.
-
Македонија 14.07.2025 18:45
Приведени двајца криумчари, пронајдени 11 лица мигранти
Синоќа во 19.30 часот на автопат А1, Неготино – Градско, во близина на село Црвени Брегови, неготинско, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода Џ.Џ.(19) и М.А.(18), двајцата од Струмица.
-
Македонија 14.07.2025 17:50
Огнот не стивнува на неколку локации во земјава
Пожарите не стивнуваат, активни се пет. Најсериозно е над дојранското селото Николиќ, кај Велес и во Македонски Брод. Пожарот од Николиќ, се шири кон Валандово. Се користат булдожери за да се направи пресека и да се спречи ширење на огнот.
-
Македонија 14.07.2025 17:24
Државните институции од денеска имаат пристап до привремено и трајно одземени возила
На сила измените на Законот за конфискација на имот со кој привремено и конечно одземените возила од Агенцијата за управување со одземен имот ќе им бидат достапни на сите институции, а не само на МВР и АРМ како досега, информира директорката на агенцијата Илиевска.
-
Македонија 14.07.2025 16:08
Презентирани програмата и приоритетите на данското претседателство со Советот на ЕУ
За Данска приоритет број еден е безбедна Европа. Агресијата на Русија над Украина беше повик за будење дека Европската унија треба да се проширува со нови членки, за да има напредок. Долго чекате пред вратата на Унијата – рече данската амбасадорка Перниле Деилер Кардел.
-
Македонија 14.07.2025 15:50
Лишен од слобода возач од гостиварско, управувал возило со брзина од 114 км на час на место каде што дозволената брзина е 50 км на час
На 13.07.2025 во 18.05 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид, во близина на кичевското село Другово, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Ќ.Т.(44) од гостиварското село Боговиње.










