Велосипедизам

Кинтана блиску до славата

30.05.2014 18:39

Наиро Кинтана и натаму супериорно ги остава зад себе искушенијата на Џиро Д,Италија!

По денешната победа во 19-та етапа, само некаква непредвидливост  може да го спречи извонредниот Колумбиец в недела триумфално да не пристигне во Трст. Со ново победничко возење 24 годишниот Кинтана не им даде ниту трунка на надеж на конкурентите во денешната трка на хронометар. Како лидер на „Џиро“ тој стартуваше  последен, но со победнички кренати раце ја заврши битката со времето на патеката со успони, долга 26.8 километри. Втор резултат по вредност имаше Италијанецот Фабио Ару, кој успеа да се пробие на третата позиција во генерален пласман. Колумбиецот Ригоберто Уран беше е третиот, кој се искачи на подиумот. Утре ќе се вози претпоследната, 20-та етапа од Маниаџо до Монте Ѕонколан во должина од 167 километери.

Џиро Д,Италија- 19 етапа:

1.Наиро Кинтана (Кол) 1:05.37 часа

2.Фабио Ару (Ита)           +0.17 сек.

3.Ригоберто Уран (кол)   +1.26 мин.

Генерален пласман:

1.Наиро Кинтана (Кол)   -

2.Ригоберто Уран (Кол)  + 3.07 мин.

3.Фабио Ару (Ита)           + 3.48 мин.