Пронајден мозаик со ликот на богот Дионис на подот од Tеодсијанската палата во Стоби
Мозаик со ликот на богот Дионис, изработен во ситен опус за прв пат во Македонија пронајден на мозаик во локалитетот Стоби, на подот од Теодосијанската палата...

На подот од Теодосијанската палата во локалитетот Стоби беше пронајден мозаик со ликот на богот Дионис. Деновиве се работеше на негова превентивна конзервација. Ова откритие дојде по истражувањата на Теодосијанската палата. Мозаикот досега не е регистриран, иако објектот е истражуван од 1928 година.
Околу мозаикот има друг кое е со геометриски фигури и претстави од чаши и кантароси. Дури е сочуван и натпис, кој на посетителот му кажува да пие и да живее. Деновиве се работи на превентивна конзервација на мозаикот, со цел на негова заштита од распаѓање.
„Мозаикот е најверојатно од четвртиот век после Христос. Тој е особено значаен за Стоби бидејќи е едно ново значајно откритие, кој е многу поантичен од другите мозаици. Што се однесува до конзервацијата, ова е итна интервенција за да се помине зимата. Кога ќе дојде пролет, ќе се открие и ќе се започне со конзервација на сите делчиња – камчиња“ – рече италијанскиот конзерватор Александро Лугари.
Сите активности се дел од работите на истражување на Теодосијанска плата, кое е финансирано од Каплан фондот од САД, во висина од 300 илјади долари. Годинава конзерваторите работеа во перистилот и во отворениот двор. При тоа направени се конзервација на постоечки мозаици, репарирани постари конзервации. До година продолжуваат со работа во простории каде има нетретирано мозаични подови.
Петар Печков
