Продолжуваат гранатирањата на Газа
Во текот на изминатата ноќ се слушаа силни експлозии на хоризонтот на Појасот, додека израелските сили продолжуваат со воена операција во градот Газа. И покрај повиците на меѓународната јавноста за прекин на огнот...

Израелските одбранбени сили продолжуваат со гранатирањата на Газа. Во текот на изминатата ноќ се слушаа силни експлозии на хоризонтот на Појасот, додека израелските сили продолжуваат со воена операција во градот Газа. И покрај повиците на меѓународната јавноста за прекин на огнот, премиерот Нетанхају возврати дека битките за уништување на милитантите на Хамас ќе продолжат со полна сили.
За него, прекин на огнот е можен само доколку Хамас ги ослободи 240-те заложници кои беа киднапирани на 7-ми октомври при нападот што милитантите на Израел. Хуманитарната катастрофа во енклавата се продлабочува. Според палестински извори, досега се убиени над 11 илјади цивили, од нив две третини се жени и деца. Околу 2 илјади и 700 луѓе се пријавени како исчезнати, се претпоставува дека или се заробени или пак се наоѓаат под урнатините.
Палестинското Министерство за здравство, тврди дека се убиени двајца Палестинци во градот Џенин, на западниот брег. Американски медицински тимови пристигнуваат во Газа како помош на болниците. Тел Авив ја потврди смртта на петмина израелски резервисти, а досега од почетокот на копнената операција се убиени 46 војници.
