Најмасовни пропалестински протести во Лондон, најмалку 126 лица се уапсени
Над 300 илјади демонстранти протестираа во британската престолнина како поддршка на палестинците во Газа...

Најмалку 126 лица се уапсени во протестите во Лондон. Над 300 илјади демонстранти протестираа во британската престолнина како поддршка на палестинците во Газа. На протестот дојде и до судири додека се одржуваше церемонијата на денот на примирјето, како одбележување на крајот на Првата светска војна.
Полицијата употреби палки за да ги спречи демонстрантите кои имаа намера да ја спречат церемонијата. Друга група демонстранти со поддршка на Израел се обидуваше насила да го спречи масовниот пропалестински протест. Полицијата блокираше неколку рути во градот за да ги оддалечи контра-демонстрантите. Пропалестинскиот марш траеше повеќе од еден час почнувајќи со едноминутно молчење, а беше планирано да почне од Хад парк и да продолжи до американската амбасада во Лондон.
Безбедноста која беше засилена низ центарот на Лондон, беа распоредени над 2 илјади полицајци.
