Обложувањето е „професија“ во Македонија
Македонските фанови на фудбалот се најдобрите спортски прогнозери на Балканот.

Ова го тврди пасионираниот љубител на обложувањето Велибор Џаровски – Џаро, според кого, спортска најмногу играат пензионерите кои со ситна уплата заработуваат големи пари.
Народско занимање во Македонија и регионот е обложувач, кладилничар а најгледана „емисија“ е телетекстот“, вели Велибор Џаровски – Џаро
Обложувалници има на секој чекор. Вкупно 450 во земјата. Најголемите добивки се движат околу половина милион денари. Се типува на фудбал, ракомет, тенис, но и на коњички трки, а често и на победници на фестивали и меѓународни случувања.
Најспецифичните облици на обложување се од типот на оние кога имаше претседателски озбори во Русија“, вели Сашка Поцкова – вработена во спортска обложувалница
Оние со попрефинет вкус одат во казино. Статистиката покажува дека само 5% од играчите на рулетот, станале зависни од него.
Тоа е профил на луѓе кои од радозналост и желба за добивка, крепејќи се на фразата „се извадив сега“ бараат финансиски стимул, вели Соња Алексиевска – психолог
Ако се знае дека шансата да ви падне лото е 1 на 175 милиони, тогаш е разбирливо зошто многумина претпочитаат забава во казино. Оваа индустрија во светот лани инкасирала безмалку 150 милијарди долари.
Анита Димитријевска
