Машко здравје

Первентни прегледи за спречување болести

12.11.2023 16:55

„Бербер шоу“ во организација на Занаетчиската комора. Се обликуваа мустаќите – симболот за поддршка на мажите кои треба да одат на превентивни прегледи, пред се за простатата...

Tие кои се погрижија за разубавување на оние кои ги пуштија мустаќите и брадите во ноември и седнаа на берберското столче, велат дека се повеќе мажите внимаваат на својот изглед, дури и повеќе од жените.

Седма година по ред на ваков начин се одбележува месецот на машкото здравје. Интересот е сè поголем и од моделите кои учествуваат и од стилистите. На настанот зедоа учество и ученици од средните училишта „Димитар Влахов“ и „Шаип Јусуф“ од Скопје. Ние мажите додека не осетиме проблем не одиме на лекар. Велат оние кои ги анкетиравме.

Некои статистики велат дека на глобално ниво мажите умираат во просек 5 години порано од жените. Причини кои во голема мера може да се спречат, на повеќе од 14 милиони мажи годишно им е дијагностициран рак на простата. Затоа потребно е да се подигне свеста за здравјето на секој еден и да се превенира навреме.

 

Ана Јосифовска Тодоровска