Попис

Стерјовски: На пописот во Албанија, Македонците трпат закани и притисоци

12.11.2023 17:44

Заврши пописот на населението во Албанија каде што живеат Македонци. Имало притисоци и закани, обелодени Васил Стерјовски, поранешниот пратеник во албанскиот парламент. Ќе се подготви извештај.

Пописот во Албанија треба да заврши на 15-ти ноември, но во регионите каде живеат Македонци заврши пред две недели. „Реагиравме дека голем дел од населението не е попишано“, вели Васил Стерјовски, од „Македонската алијанса за европска интеграција“.

Добивме одговор дека пописот во Мала Преспа ќе продолжи, но на терен попишувачи нема.

Пописот не е легитимен вели Стерјовски, Македонците кои од економски причини аплицираат за бугарски пасоши се под притисок на пописот да се изјаснат како бугари.

 

Славица Величковска