Медиуми
Грковска: Никој нема право да ги забрани или ограничи слободата на медиумите и слободата на изразување
12.11.2023 19:51
Откако Граѓанскиот суд пресуди дека ИРЛ нема својство на медиум, а неговите членови не може да се претставуваат како новинари – со став излезе и вицепремиерката Грковска.

Откако Граѓанскиот суд пресуди дека ИРЛ нема својство на медиум, а неговите членови не може да се претставуваат како новинари – со став излезе и вицепремиерката Грковска.
Таа предупреди – „никој нема право, ниту судската власт, ниту другите државни институции да ја забранат или ограничат слободата на медиумите и слободата на изразување кои се загарантирани со устав“.
Денеска и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги посочи дека граѓаните имаат право да бидат објективно, навремено и точно информирани.
