МВР

Новиот пункт на МВР за замена на личните документи е подготвен, не се знае кога ќе почне да работи

12.11.2023 19:58

Министерството за внатрешни работи соопшти дека пунктот за фотографирање за лични документи без закажување, во салата на ПС „Пролет“ е подготвен...

Министерството за внатрешни работи, соопшти дека пунктот за фотографирање за лични документи без закажување, во салата на ПС „Пролет“ е подготвен, но сè нема информација кога граѓаните ќе можат да одат за сликање. Во објектот се поставени 20 паравани каде што ќе се врши фотографирање за лични документи.

Обврската за промена на личните документи со новото уставно име произлезе од Преспанскиот договор, кој стапи во сила во февруари 2019 година. Според член 1 точка 10, личните документи треба да се променат во рок од пет години по стапувањето во сила на договорот – односно до февруари 2024 година.

Редовните служби за закажување и фотографирање не можеа да постигнат поради огромниот број барања за термини.