Собрание

Нова седница на Анкетната комисија за скандалот на Онкологија

13.11.2023 08:15

Во наредните 30 дена ќе се испитуваат новите информации поврзани со Клиниката за периодот од април годинава и дополнително ќе бидат сослушани експерти, поранешни и сегашни носители на јавни функции...

Денеска нова седница на Анкетната комисија за скандалот во Онкологија, откако и власта и опозицијата се согласија да продолжи работата. Во наредните 30 дена ќе се испитуваат новите информации поврзани со Клиниката за периодот од април годинава и дополнително ќе бидат сослушани експерти, поранешни и сегашни носители на јавни функции.

И министерот за здравство Меџити побара Обвинителството што поскоро да излезе со име и презиме на евентуалните виновници. Реагираа од Обвинителството дека се води предистрага и дека не постапува по барања на други лица. Од таму со апел политичарите да се воздржат од употреба на како што се вели, овој чувствителен предмет во политички цели.