Влада
Премиерот Ковачевски ќе учествува на 20-от Виенски економски форум
13.11.2023 08:25
Според програмата, предвидено е премиерот Ковачевски да учествува и да говори на панел-сесијата „Градење економска соработка во тешки времиња“...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, ќе учествува и ќе се обрати на 20-то јубилејно издание на Виенскиот економски форум.
Според програмата, предвидено е премиерот Ковачевски да учествува и да говори на панел-сесијата „Градење економска соработка во тешки времиња“, заедно со премиерите на Албанија, Еди Рама, на Косово, Албин Курти, на Бугарија Николај Денков, како и министерот за економија на Молдавија, Думитру Алаиба.
