Македонија е регионален лидер и бележи успех во светски рамки
Според Херитиџ, Македонија е рангирана на 43-тото место во светски рамки ...

Реформски пример на Балканот, дваесетта во Европа ,подобра од многу земји членки на ЕУ, рангирана на 43 –тата позиција во светски рамки, извештајот за економски слободи, добар сигнал за инвеститорите, доказ за конкурентната бизнис клима. Премиерот Груевски, вели, скокот од 35 места за осум години евалоризација на вложеното во квалитениte економски политики.
„Подобро од многу земји во регионот и подобро од многу земји кои се евро - членки како што се Франција, Шпанија, Италија, Полска и многу други, а според „Херитиџ“ фондацијата Македонија е многу подобро рангирана и бележи подобрување на условите во правец на економијата“, вели Никола Груевски, премиер на Македонија
Во Македонија има подобрување на флексибилноста на пазарот на труд , во привлекување на странски инвестиции , слободата на водење бизнис и на намалувањето на даноците. Високи оценки од Херитиџ стигнуваат и за отвореноста на пазарот , нискиот долг и даноци . Пример што треба да го следат и другите балкански земји кои сакаат еконосмки успех- велат од Фондацијата.
„Македонија е на добар пат, таа е регионален лидер, резултатие на Македонија се далеку над просекот и во светски рамки каде е рангирана 43-тото место, за разлика од Грција која е рангирана на 101-вото место“, вели Лук Кофи – Фондација Херитиџ
Херитиџ мери 10 тина индикатори , слобода за започнување и финансирање бизнис, за заштита на сопственичките права, фикскалната слобода, слободата на тргување.
Македонија бележи напредок , според оценките од политичкиот тим експерти во Вашингтон.
