Министерски состанок ЕУ-Западен Балкан
Целта е дополнително да се интензивира ангажманот на Унијата со земјите од регионот, со акцент на заедничката надворешна и безбедносна политика, во контекст на геополитичките предизвици во европското соседство.

Шефовите на дипломатиите на државите од Западен Балкан и на земјите-членки на Европската унија, попладне ќе одржат министерски состанок, со кој ќе претседава високиот претставник за надворешни работи и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел.
Целта е дополнително да се интензивира ангажманот на Унијата со земјите од регионот, со акцент на заедничката надворешна и безбедносна политика, во контекст на геополитичките предизвици во европското соседство.
Министерскиот состанок ЕУ-Западен Балкан ќе следи по заседанието на Советот за надворешни работи на Унијата, на чија агенда се ситуацијата во Израел, Појасот Газа и регионот на Блискиот Исток и руската агресија врз Украина.
