мвр

259 санкции викендов за сообраќајни прекршоци на територија на СВР Битола

13.11.2023 10:23

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (10/11/12.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 259 возачи, меѓу кои 78 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 52 мерки за возење без возачка дозвола, 55 возачи за управување под дејство на алкохол.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да се придонесе за посигурни патишта, информираат од МВР.