Пријавување субвенции во Струмица

30.05.2014 19:25

Во Македонија над 70 илјади земјоделци користат субвенции од државата. Оние кои веќе ги користеле, ги знаат предностите од овие екстра приходи со кои го унапредуваат производството. Утре е последниот ден за поднесување на документите. Според балканскиот менталитет, пред шалтерите многу метеж...

Турбо работат пунктовите каде земјоделците од струмичкиот крај на претпоследниот ден ја поднесуваат документацијата за субвенции. Во Василево, до денеска поднесени се околу 1.500 барања за директни плаќања во земјоделството. Производителите кои го фаќаат последниот воз се жалат дека бавно оди поолнувањето на апликацииите. Чекале од 8 часот наутро.

Дојден сум од 8 часот и еве два часот уште не сум завршил. Имам за кози, за стока“, вели земјоделец од Василево.

За диљи, пипер, стока нешто“, вели друг земјоделец.

„Имам за овоштарници, сливи“, вели граѓанин.

„Ги комплетиравме документите, ама еве челаме уште. Од 8 часот сме дојдени“, вели друг земјоделец.

Одговорните лица велат дека граѓаните секогаш последниот ден доаѓале да ги донесат документите. Барањето се поднесува по електронски пат без доставување документи, врз основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на домашни животн

„Имаме, масовно, масовно пријавување. Така што не сме во состојба, и тие самите да си ја спремат документацијата, а и ние бидејќи сме во систем, компјутерската обработка исто така носи време“, вели Стојан Глигоров- советник во АПРЗ, Струмица.

Земјоделците велат дека субванциите им помагаат да продолжат со понатамошно производство.

„Сега првпат ќе ги видиме, и мислам дека ќе има ефект“, вели земјоделец.

„Ако не беше таа субвенција, мислам дека немаше да опстаниме со стоката“, вели земјоделка од Василево.

Во струмичкиот регион годишно се поднесуваат околу 11 илјади барања за субвенции во земјјоделството, вклучуваќки ги и оние на тутунопроизводителите. На ниво на Македонија стигнуваат околу 70 илјадибарања за субвенции. 


Катерина Давчева