УКРАИНА

Нови руски ракетни напади во Украина

13.11.2023 11:22

Портпаролот на Командата на копнените вооружените сили на Украина, вели дека Русија се обидува да ги врати загубените позиции кај Бахмут...

Руските сили синоќа извршиле ракетни напади врз неколку региони во Украина. Портпаролот на Командата на копнените вооружените сили на Украина, вели дека Русија се обидува да ги врати загубените позиции кај Бахмут.

Во меѓувреме, руските државни медиуми ја повлекоа веста за прегрупирање на војниците во јужна Украина на поповолни позиции источно од реката Днепар.