МВР: 108 санкции за непрописно престигнување на територијата на цела држава
Во текот на вчерашниот ден во периодот од 11.00 до 16.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија...

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 11.00 до 16.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 108 возачи. Од нив, 36 на територијата на СВР Тетово, 24 на територија на СВР Охрид, 18 на територија на СВР Битола … За време на контролата санкционирани се и 211 други видови на прекршоци.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат од МВР.
