Свет

Остин: Вашингтон е посветен на сојузниците во Азија и Индо-пацифичкиот регион

13.11.2023 11:35

Со јужнокорејскиот колега Шин Вон-шик разговарано за континуираните провокации од Северна Кореја како и за активностите на Кина и Русија.

Вашингтон е посветен на сојузниците во Азија и Индо-пацифичкиот регион, истакна Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во Сеул. Со јужнокорејскиот колега Шин Вон-шик разговарано за континуираните провокации од Северна Кореја како и за активностите на Кина и Русија.

Остин, ја истакна важноста за контактите меѓу САД и Кина, вклучително и средбата меѓу претседателите Бајден и Кси Џинпинг, закажана за самитот на АПЕК во Сан Франциско оваа недела.