Велика Британија

Дејвид Камерон назначен за нов министер за надворешни работи

13.11.2023 12:39

„Се надевам дека моето искуство ќе му биде од голема помош на премиерот. Можеби не се согласував со некои индивидуални одлуки на Сунак, но тој е силен и способен лидер“, изјави Камерон.

Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон стана нов министер за надворешни работи. Тој доаѓа на местото на Џејмс Клеверли, кој беше поставен за нов министер за внатрешни работи откако британскиот премиер Риши Сунак ја разреши Суела Брејверман.

„Се надевам дека моето искуство ќе му биде од голема помош на премиерот. Можеби не се согласував со некои индивидуални одлуки на Сунак, но тој е силен и способен лидер“, изјави Камерон.

Премиерот Сунак направи реконструкција во својот кабинет и прво ја разреши министерката за внатрешни работи, поради колумна во „Тајмс“, во која ја критикуваше лондонската полиција.

Владејачката Конзервативна партија соопшти дека целта на Сунак е да го зајакне својот тим „за да постигне долгорочни решенија за посветла иднина“.

Министерот на финансии Џереми Хант ја задржува својата функција.