Македонија
Претседателот на бугарското собрание во посета на Македонија
13.11.2023 13:42
Утре ќе има средба и разговори со претседателот на Собранието, Талат Џафери...

Претседателот на бугарското собрание Росен Желјазков доаѓа во дводневна работна посета на Македонија. Утре ќе има средба и разговори со претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Во Археолошкиот музеј, заедно ќе ја отворат изложбата „Сребрена Тракија“. Ќе бидат претставени 1.700 експонати од 18 бугарски национални, регионални и општински музеи.
Претседателот на бугарскиот парламент ќе положи венец пред саркофагот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“, а во Бугарскиот културно-информативен центар во Скопје ќе бидат поделени ваучери за интернет-обука за деца со посебни потреби, на нивни родители и наставници.
