Европска унија

ЕУ усвои нови правила за Шенген визи

13.11.2023 14:07

Со новите прописи се предвидува создавање платформа преку која ќе се поднесуваат сите барања. На овој начин ќе се подобри процесот на аплицирање, а во исто време ќе се растоварат и националните администрации...

Советот на ЕУ даде зелено светло за дигитализација на визната процедура. Луѓето кои планираат да патуваат во Шенген зоната ќе треба да аплицираат онлајн за виза.

Со новите прописи се предвидува создавање платформа преку која ќе се поднесуваат сите барања. На овој начин ќе се подобри процесот на аплицирање, а во исто време ќе се растоварат и националните администрации. Со ваквата платформа, апликантите веќе нема да имаат потреба да одат лично во амбасадите или конзулатите. Физичко присуство ќе биде потребно само за оние кои првпат поднесуваат барање за виза, чии биометриски податоци повеќе не се валидни или пак, имаат нов патен документ.

Новите прописи ќе стапат во сила на 20-от ден од нивното објавување во Службениот весник на Европската унија.