МТСП

Тренчевска во посета на две градинки во Скопје по повод ослободувањето на градот

13.11.2023 14:08

По повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски беше во посета на градинката „Мајски цвет“ Карпош – Скопје и беше дел од активностите кои беа спроведени како дел од церемонијата за одбележување на денот.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денес беше во посета на две градинки во Скопје. По повод 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, Тренчевска заедно со градоначалникот на Општина Карпош, Стевче Јакимовски беше во посета на градинката „Мајски цвет“ Карпош – Скопје и беше дел од активностите кои беа спроведени како дел од церемонијата за одбележување на денот.

Градинката функционира уште од 1965 година со една работна единица и 15 вработени со вкупно згрижени 108 деца. Денес јавната детска установа дејноста ја остварува во четири објекти со 81 вработен и вкупно згрижени 787 деца, информираат од МТСП.

Тренчевска беше присутна и на патрониот празник на градинката „13 Ноември“ во Општина Центар заедно со градоначалникот Герасимовски. Јавната детска установа постои уште од 1951 година и е една од најстарите предучилишни установи во Скопје. Моментално во градинката се згрижени 911 деца кои се распределени во 4 објекти, додека за нив се грижат 127 вработени.

Тренчевска при посетата на градинките истакна дека ова се градинки кои означуваат традиција во згрижувањето на децата и дека нивното долгогодишно функционирање го означува квалитетот на работата на истите, соопштуваат од министерството.