13 Ноември

Арсовска на традиционална средба со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците

13.11.2023 14:22

На средбата, како што стои во соопштението, градоначалничката Арсовска им се заблагодари за тоа што со жар секогаш говорат и го одржуваат споменот за пожртвуваноста, храброста и одлучноста на борците против фашистичкиот окупатор, кои го ослободија Скопје и Македонија за денешните и идните генерации да живеат во слободна држава.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје ја одржа традиционалната средба со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија. 

На средбата, како што стои во соопштението, градоначалничката Арсовска им се заблагодари за тоа што со жар секогаш говорат и го одржуваат споменот за пожртвуваноста, храброста и одлучноста на борците против фашистичкиот окупатор, кои го ослободија Скопје и Македонија за денешните и идните генерации да живеат во слободна држава.

Посакувајќи им добро здравје, градоначалничката Арсовска додаде дека на овој ден кој е празник на слободно Скопје, треба да се памети херојството и да се чува и развива нашиот град кој е синоним за соживотот и солидарноста, соопштуваат од Град Скопје.