Случај „Топлик“: Јавниот обвинител се откажа од кривично гонење на обвинетите поради застареност на делото
На денешното рочиште за овој судски случај кој почна од почеток откако беше вратен од Апелацискиот суд за повторно одлучување, обвинителот изврши преквалификација на кривичното дело – информираат од судот.

Јавниот обвинител се откажа од кривично гонење на обвинетите во случајот „Топлик“ поради застареност на делото кое настана како резултат на измените на Кривичниот законик.
На денешното рочиште за овој судски случај кој почна од почеток откако беше вратен од Апелацискиот суд за повторно одлучување, обвинителот изврши преквалификација на кривичното дело – информираат од судот. Оттаму велат дека по писмено изготвување на соодветни решенија, истите ќе бидат доставени до странките.
Предметот „Топлик“ во кој се обвинети шестмина се однесува на продажбата на градежно земјиште за изградба на резиденцијалната населба Сончев Град во Сопиште.
