Фудбал
Со Катар утки и нула - нула
31.05.2014 22:37
Фудбалската селекција на Македонија против 15 места послаборангираниот на ФИФА листата, Катар не усепа да се опоравипо поразот во првиот мајски контролен дуел со Камерун во Куфштајн во понеделникот.

Во Риети вечерва избраницитена Бошко Ѓуровски одиграле само 0-0 во натпревар во кој имале дури 14 удари на противничкиот гол, а Костовски, Илијоски, Тричковски, Цуцули и Бабунски пропуштиле неколку добри шанси за гол.
Наумовски бил стартер на голот во новореновираниот тим со изменета бековска двојка Ѓорѓиевски – Цуцули, со нова офанзивна улога за Тричковски и со Костовски во шпицот на нападот.
Нашиот предводник направил дури девет измени, според него лошата реализација била главниот проблем, а позитивното е што открил неколку играчи за во иднина.
Времето до септемврискиот старт во квалификациите за Евро 2016 и гостувањето кај Шпанија е кусо, а сериозни контроли ќе има се помалку.
Бошко Ѓуровски има уште многу работа за да ја пронајде вистинската физиономија на репрезентацијата.
