Борел: Важен ни е регионот на Западен Балкан
Со состанокот претседава високиот претставник на Унијата, Борел кој пред состанокот ја истакна важноста на регионот за ЕУ.

Неодамна усвоениот извештај на Европската унија за проширување – тема на состанокот на шефовите на дипломатиите на државите ЕУ и Западен Балкан во Брисел. Целта е дополнително да се интензивира ангажманот на унијата со земјите од регионот, со акцент на заедничката надворешна и безбедносна политика, во контекст на геополитичките предизвици во европското соседство.
Со состанокот претседава високиот претставник на Унијата, Борел кој пред состанокот ја истакна важноста на регионот за ЕУ.
„Ќе имаме одвоен состанок со лидерите од Западниот Балкан, со цел да покажеме колку ни е важен регионот. Ќе дискутираме за последните извештаи на Европската комисија за проширувањето. Ќе инсистираме поблиску да се следат рамките на нашата преговарачка политика. Некои држави немаат добро досие на приближување со европската надворешна политика и санкции“, нагласи Борел пред состанокот.
