Одбележување

Скопје денеска одбележува 79 години од ослободувањето

13.11.2023 16:25

79 години од ослободувањето на Скопје. Се сеќаваме на херојството на борците кои извојуваа победа и ја испишаа историјата. Надеж за поубав град-европска метропола...

Се одбележуваат 79 години од ослободувањето на Скопје. Ова е сликата некогаш, од иста позиција во кадар ви го доловуваме просторот денеска. Места што ловеле воздишки во минатото, симбол на главниот град, со нова содржина денеска.

Дел од архитектите велат, се обновуваат стари станбени објекти, се прават нови, се градат трговски центри, метрополата се обновува, но без голема визија. Потребно е градовите да се пристапни за сите и да не се гледа само на профитот.

Градоначалничката Арсовска, на традиционалната средба со претставници на градскиот сојуз на борците од НОВ, во обраќањето порача да се чува градот.

Владина делегација, од боречката организација, политички партии, оддадоа почит и положија цвеќиња на партизанските гробишта, на Алејата на заслужните граѓани во Бутел и пред споменикот „Ослободители на Скопје“.

Доделување награди, положување цвеќиња, културни настани. Со низа манифестации Скопје денеска одбележува 79 години од ослободувањето во Втората светска војна.

 

 

Ана Јосифовска - Тодоровска