Партиите ги реафирмираа ставовите за изборите
Опозицијата и власта велат дека се отворени за договор, но остануваат на истите ставови за датум за изборите. Кај спикерот Џафери не разговарале за работните групи. Европскиот сојуз за промени ќе дејствува како една пратеничка група...

И покрај очекувањата дека на координација кај собранискиот претседател Џафери, ќе се зборува за работните групи и за изборите, ова не било во фокусот на средбата со координаторите на пратеничките групи. Власта и опозицијата пак ги реафирмира познатите ставови. ВМРО- ДПМНЕ и натаму бара одржување на претседателски и парламентарни избори во ист термин, СДСМ пак, и натаму се залага за одвоени избори.
Во меѓувреме, Европскиот сојуз за промени како коалиција од албански опозициски партии ги сплотува и пратениците во една пратеничка група. Лидерите на трите партии, алтернатива, демократско движење и беса побараа од собранискиот спикер Џафери, да не го пролонгира изборот на членот на ДИК кој и следува на опозицијата, како што велат тоа го прави соучесник во непочитувањето на изборниот законик.
Џафери пак предупреди, дека ако политичките партии во Собранието, не најдат консензус околу изборните термини до нова година, тој ќе постапи според неговите надлежности и ќе распише избори согласно времето што го пропишуваат уставот и законите.
Марија Котовска
