Анкетната комисија продолжува да работи за случајот „Онкологија“, се разгледува документацијата
Тензична дебата на Анкетната комисија за скандалот на Онкологија. Опозицијата и власта со различни ставови што е нивна задача во дополнителниот рок за разгледување на собраната документација и стенограмите од исказите.

Документацијата и стенограмите за случајот Онкологија пред пратениците на анкетната комисија. Тензична дебата меѓу власта и опозицијата, примарната политичка одговорност за злоупотребите на Клиниката за онкологија треба да ја сноси поранешниот министер за здравство, Венко Филипче – рече пратеникот Милошоски.
Власта повика да не се политизира, собраниското тело да се потпре врз документи, опозицијата со став – ексминистерот не постапил според законот, требал да врши надзор над здравствената установа.
Нема да дозволам цензура на говорот на пратениците, посочи претседателката на Комисијата, Рашела Мизрахи.
Бесмислено е да се анализира, кој и што кажал на сослушувањето – реагираше Зибери од ДУИ.
Во наредните 30 дена на Анкетната комисија пратениците ќе ги разгледуваат документите и стенограмите од исказите на 60-тина сведоци кои беа сослушани во изминатиот период. Ќе се проверуваат нови информации поврзани со Клиниката за онкологија за период од април годинава.
Андријана Ѓурческа
