Судски совет

Судијката Мери Дика Георгиевска е нова претседателка на скопска Апелација

13.11.2023 17:34

Мери Дика Георгиевска ќе раководи со скопска Апелација. Пред членовите на Судскиот совет положија заклетва дека функцијата ќе ја вршат законито, чесно, одговорно и независно...

Мери Дика Георгиевска ќе раководи со скопска Апелација, а Снежана Манев со кумановскиот Основен суд. Пред членовите на Судскиот совет положија заклетва дека функцијата ќе ја вршат законито, чесно, одговорно и независно. Претседателот на Судски совет Сашко Георгиев, им порача на позицијата доаѓаат во период кога судството кое се соочува со недостаток на кадар.

Судијките не дадоа изјави за медиумите. Георгиевска која и досега ја извршуваше функцијата доби едногласна поддршка од советот за четиригодишен мандат.

Апелацискиот суд минатиот период беше во фокусот поради пресуди со кои беа укинати неколку случаи од високопрофилирана корупција и вратени на повторно одлучување. Дел од пресудите беа пресретнати и од новите измени на Кривичниот законик и барања од странките за застарување на предметите.

 

Анита Димитријевска – Велковска