Редици за карти за натпреварот Македонија – Англија
Граѓани во редици чекаат за да купат влезница за натпреварот Македонија – Англија кој ќе се игра на 20-ти ноември. Иако денеска беа пуштени во продажба, од ФФМ велат досега над 10 илјади билети се продадени.

Метеж пред секое продажно место. Граѓаните трпеливо чекаа да купат билет. Некои, повеќе и од еден час, еуфоријата почнува. Дуел Македонија – Англија за љубителите на фудбалот од кој очекуваат 90-минутна забава.
Граѓаните очекуваат победа на македонската репрезентација.
Натпреварот од квалификациите за Европското првенство 2024 меѓу Македонија и Англија ќе се одржи на 20-ти ноември во 20.45 часот. Нашата репрезентација ќе ги пречека англичаните на нова трева. Се надградуваше и системот за наводнување на најголемиот стадион во земјава согласно со стандардите на меѓународните фудбалски институции.
Александра Спировска
