Скопје

Ѓоргиевска учествуваше на панел-дискусија на тема „Светски ден за борба против дијабетесот“

13.11.2023 20:13

Сопругата на претседателот, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, денеска имаше завршно обраќање на панел-дискусија на тема „Светски ден за борба против дијабетесот“, што се одржа во Europe House – Скопје, во пресрет на Светскиот ден за борба против дијабетесот, 14 - ти ноември.

Сопругата на претседателот, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, денеска имаше завршно обраќање на панел-дискусија на тема „Светски ден за борба против дијабетесот“, што се одржа во Europe House – Скопје, во пресрет на Светскиот ден за борба против дијабетесот, 14 -ти  ноември.

Осврнувајќи се на актуелните податоци и сознанијата споделени од денешните говорници, сопругата на претседателот изрази загриженост од растечкиот глобален тренд со кој поединци и семејства се соочуваат со предизвиците на дијабетесот. Искуствата нагласи г-ѓа Ѓоргиевска укажуваат дека најголемиот дел од здравствените проблеми, вклучително и дијабетесот, се поврзани со неправилниот начин на живот. Затоа е неопходна поголема физичка активност, правилна исхрана и рано дијагностицирање на одредена состојба или болест.

Според неа ваквите тенденции ја нагласуваат итноста од заеднички напори за борба против дијабетесот на повеќе фронтови.

Во обраќањето пред присутните, сопругата на претседателот ја истакна потребата од дестигматизација на пациентите коишто се соочуваат со дијабетесот.

На настанот, во организација на Health Hub, стручни излагања имаа д-р Ирфан Ахмети – претседател на Националната комисија за дијабетес, д-р Татјана Миленковиќ – претседател на Македонското научно здружение на ендокринолози и дијабетолози, проф. д-р Лидија Поповска – интернист, кардиолог, мајка на дете со дијабетес тип 1 и д-р Арѓент Муча – директор на Клиниката за ендокринологија, а свои завршни забелешки изнесе шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Дејвид Гир.